Министерството за здравство со објаснување за блокадата на Твитер профилот на Венко Филипче
Објавено на 16 јули, 2021 во 14:07
Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација, информираат од Министерството за здравство.
– Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот, уверуваат од Министерството за здравство.
Денеска привремено беше блокиран официјалниот профил на министерот за здравство поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“.