Нови 9 случаи позитивни на ковид 19
Објавено на 7 јули, 2021 во 14:29
Во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на ковид-19, во Тетово 6, Гостивар 2 и Охрид 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти и не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.