Од денес аплицирање за ваучери за одмор од 200 евра

Објавено на 8 јуни, 2021 во 15:10

Од денеска може да се аплицира за ваучери за годишен одмор за граѓани со ниски месечни примања односно за семејства кои не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ваучерите се со вредност од 12.000 денари и ќе можат да се користат во категоризираните угостителските објекти за сместување лоцирани во туристичките центри кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

За реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари, што значи ваучери ќе има за 1.250 граѓани, а средствата ќе се даваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата“, велат од Министерството за економија.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни. Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Сподели:

1 коментар на “Од денес аплицирање за ваучери за одмор од 200 евра

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.