Денеска има јасна одвоеност на партијата од државата и недвосмислена одвоеност на бизнисот од политиката. Заврши времето на Белизе фирми и рајски шеми за купи-продај од братучед на кум и обратно, велат од СДСМ и им порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат повеќе да ја манипулираат јавноста.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија кој денеска беше одобрен во македонското Собрание.

Со 61 глас „за” и еден „воздржан” пратениците во Собранието го донесоа Законот за ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија. Воздржано гласаше независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ. Тој рече дека договорот не е симетричен и дека Владата на Република Македонија плаќа цена со него.

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а средбата, како што информираат од владината прес-служба се реализираше низ во седиштето на Владата на РМ , конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово присутни се 411 од вкупно запишаните 544 делегати, заклучи верификационата комисија на Конгресот. Тоа е доволен број на делегати за одржување на Конгресот според Статутот на партијата, објави А1он.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел ќе се сретне со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан.
Како што соопшти прес-службата на високата европска претставничка, предвидено е Могерини да организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново