Димитров за МИА: Од нас зависи дали ќе се издигнеме вон изборниот контекст, со цел во март да прогласиме заедничка победа

Објавено на 17 јануари, 2020 во 09:40

dimitrov fin

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.

– Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители, нагласува тој во интервјуто за МИА.

Ќе се ангажира во кампањата, но сè уште не одлучил во која форма, а доколку зависно од исходот од изборите има можност за уште еден мандат на позицијата шеф на дипломатијата не дава конкретен одговор, но додава дека во фокусот му е европската агенда. Ако има можност тоа ќе биде некаде каде што ќе може да направи разлика, но акцентот ќе биде, како што вели, на некоја од покрупните стратегиски битки.

Во однос на завчерашната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оценува дека конзистентност имало во една од клучните пораки што тој ги пренел – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.
Нагласува дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ги и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски, се пред тест дали тоа што постои во сите програми – највисокиот приоритет, европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија е факт или само декларативна заложба.

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.

Во интервјуто со министерот за надворешни работи зборувавме и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, можноста тој да се укине како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за релациите со Мицотакис, за новото законско решение за Министерството за надворешни работи, за неговите планови да напише мемоари за Преспа.

Долго чекориме на патот кон ЕУ, 15 години сме со кандидатски статус со десет последователни препораки од ЕК. Првата дестинација во регионот на еврокомесарот за проширување на добрососедство Оливер Вархеји беше токму нашата земја. Дали тоа е некаква порака или некој вид дипломатска учтивост за недобиениот датум минатата година?

– Има доста од тоа, мислам дека главниот мотив токму нас да нè посети е драстичноста на македонската европска приказна, ова што го велите во прашањето. Петнаесет години земја кандидат, првата препорака 2009, имавме две години дали условени препораки, дали изгубени, а најавени 2015 и 2016 кога излегоа работитите сосема на површина на виделина. Земја во регион што е многу богат со проблеми се осмели да ги реши своите големи проблеми со затворањето на отворените прашања со соседите, земја што во 2016 беше окарактеризирана како заробена држава, значи слаби институции, премногу моќ во еден човек или мала група, која со сите грешки, што за жал уште ги правиме, си ги врати и слободата и демократијата и тоа не прави драстична приказна и оттука недонесувањето на одлуката во октомври од многу европски лидери беше наречено стратегиска грешка, историска грешка. Комесарот вели ова може да биде и шанса да го гледаме како шанса да бидеме фокусирани. Тој упати многу пораки, суштински му беа мислам три, вели: Ние остануваме на нашата оценка дека вие ги исполнивте сите услови, меѓу другото и најави 50 милиони евра награда за перформансот за исполнувањето. Спомена дека тој работи за конечен пробив, донесување на одлуката за пристапни преговори, пред Самитот во Загреб, во мај годинава и рече дека реформите мора да продолжат и тука посебно го истакна законот за јавно обвинителство. Не го спомена како услов, меѓутоа спомена дека многу е важно да покажеме дека имаме капацитет дури и во еден ваков предизборен период, да се обединиме сите да се соберме околу европската иднина на татковината. Тоа беа суштинските три пораки.

Кога сме кај законот за јавното обвинителство Вархеји изрази надеж дека тој ќе биде донесен во сегашниот парламентарен состав. Вчера тој имаше средба и со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски. Со вас мислам дека имаше средба по сите средби што ги оствари во земјава. Дали евентуално имате некои информации дали на средбата со Мицкоски се разговарало и на некој начин да ѝ се предочи на опозицијата да се покаже конструктивност во овој период и тој закон да се донесе пред распуштањето на Парламентот?

– Во неговата порака има конзистентност, тоа што го кажа на прес-конференцијата со премиерот Спасовски, тоа на сите средби го отвори. Јас имав во три наврати можност да бидам дел од неговите средби, така што сигурно и кај опозицијата ова прашање било отворено. Мислам дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ги и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски, се пред тест дали тоа што во сите програми постои највисокиот приоритет е европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија. Го пишуваме или велиме како декларација или сме спремни да се вложиме во тоа. Ако еврокомесарот, кој очигледно е наш сојузник и работи на таа агенда да го направиме конечно овој пробив во заслужената следна фаза, ако тој вели важно е ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав ќе се види, дали сме само декларативни во заложбите и едноставно е. Кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее. Така што сега имаме еден тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата на цел народ на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања. Проблемот на тој приод е што ваквите шанси кои беа почести во минатото, меѓутоа ние не бевме доволно смели и со пократка визија за да се впуштиме и да се бидеме спремни за да ја зграпчиме шансата. Овие шанси доаѓаат сè поретко и поретко. Европа не е предвидлива како што беше, така што не знаеме кога ќе дојде следната и не може динамиката на нашите домашни избори да влијае на олку крупни прашања од највисок национален интерес. Мора да научиме да ги зграпчуваме, да ги создаваме и да ги користиме шансите.

Според ваши сознанија, дали има волја кај политичките партии, дали има сенс за ова што го говорите да се донесе законот пред распуштањето на Собранието?

– Ќе дознаеме многу брзо. Во следниве денови, недели, Собранието има можеби четири седмици работа. Мислам дека наша задача е во рамките на црвените линии од Брисел да има одговорност да нема скриена амнестија да се работи на сите случаи да продолжат со работа обвинителите кои работеа на тие случаи, освен оние што се искомромитираа. Наше е да работиме со секој пратеник поединечно бидејќи немаме луксуз да пропуштаме историски шанси, но пред нас е една историска шанса. Премногу генерации изгубија.

Кога веќе говориме за правосудството, случајот „Рекет“, колку отворањето на овој случај нè приближи или нè оддалечи од Европа?

– Јас ќе бидам искрен кога некаде кон средината на минатата година разбрав за ова, меѓу другото не само како носител на позиција, туку и како граѓанин, имам надеж за правда. Кај граѓанството правдата беше врзана за оваа институција и оттука одговорноста на СЈО е многу повеќекратно поголема од одговорноста на срамот што ни го донесоа тие за кои имаме индиции за големи злоупотреби и криминал. И сега ќе видиме, во еден дел има правосилна пресуда, ама тој тип тргување со една таква благородна мисија, трговија со правдата нас како општество ни влијаеше многу лошо во смисла дека таа работа е воопшто можна. И мислам дека таа надеж е можеби кај некои индивидуални чинители во правосудството, можеби е во Антикорупциската комисија, која се покажа дека удира и лево и десно и во центар, насекаде, без некои партиски и политички призми. Ама од друга страна плусот е што системот загриза, што тоа не е пикнато под килим, туку е излезено на виделина. Лупата на јавноста е врз случајот, имаме процес, којшто во наши услови компаративно може да се каже дека се тера релативно ефикасно, така што покажавме дека за разлика од порано кога оваа работа можеби немаше да ја дознаеме како јавност, системот реагира, меѓутоа останува едно чувство на горчина. И во смисла на европската агенда има едно плусче во реакцијата, но има и минус, кој веројатно е поголем од плусот во тоа како се перципира нашата приказна, нашите напори. Ќе беше многу подобро да немаше таква работа.

Честопати објавувате интересни статуси на ФБ, на 15 октомври напишавте: „Само тој што не весла има време да го ниша чамецот (Жан-Пол Сартр)“, кој ниша, а кој весла во нашава земја?

– Пораката тука е ние имаме една парадоксална ситуација, каде што политичките сили кои ја изгубија препораката во 2015/2016 година, кои нè редуцираа како тема во ходници и на некој начин како еден безнадежен случај, кои живееја од споровите со соседите, политички наместо да вложат политички капитал да ги решат за да живеат граѓани и за да има иднина. Тие реагираа со критики и тоа јас го велам немање јасна морална оска и чист образ. И баш е нишање на чамецот, ако веќе не веслаат во смисла на влог барем да не одмагаат. Тоа веројатно ми била пораката. За жал, мислам дека ние уште не сме на дереџе да не е многу битно кој ќе победи на изборите на 12 април. Нема натпревар кој ќе весла побрзо, кој ќе го чува бродот постабилен со помалку нишања, туку е во курсот и таа една некохерентна, збунувачка порака да рече ќе ја ставиме татковината на брзата патека, на автопатот кон Европа, ама ќе ги срушиме мостовите што се изградени, ќе го расипеме компромисот што е постигнат со Преспанскиот договор. Еден нечесен однос кон темите битни за македонскиот народ една конфузија околу името и терминологиите. Тоа дека на многу места ние бевме Поранешна Југословенска Република Македонија, моравме да потпишуваме договори со официјалниот јазик на ПЈРМ. Тоа што наместо битката таму кај што ѝ е местото да биде правото на самоопределување беше на античкиот период две илјади години наназад не е чесно и затоа мислам дека немаме еден нормален политички натпревар за тоа кој е поработлив, кој е покреативен, почесен, кој е поодлучен, туку е за курсот. И таа најава дајте ми двотретинско мнозинство ќе понишатам што ќе се постигне со тоа. Дали НАТО-членството беше условено со решавање на тој проблем или не. Зошто од 2008 година или натаму немавме покана за членство, зошто сме на прагот на реализација на една од стратегиските цели, прашањето што нè блокираше. Е сега тој вели јас пак ќе го отворам ова прашање, што значи тоа дека ќе се откажеме од НАТО-членството, дека ќе се откажеме од историската шанса за овој клучен исчекор кон ЕУ. Мора малку поискрено.

Тука се осврнувате на неодамнешната изјава на Христијан Мицкоски дека доколку дојде на власт по изборите со двотретинско мнозинство ќе го укине Препанскиот договор. Тука прашањето ми е како ја проценувате оваа изјава како предизборен маркетинг или реална можност?

– Тоа е еден наратив што можеби по нивна проценка кај дел од гласачите има можеби одек или некако резонира и можеби привлекува, ама не што после. Нели ние не видовме дека ова беше тежок компромис, каде што двете страни ги постигнаа основните принципи, кај нас тоа беа идентитетските прашања, кај нив тоа е една долга тема, ама и таму имаше протести, помина тешко тоа прашање и сега ако одиме по постигнатото на тоа прашање претходно…

Дали сметате дека е толку лесно да се укине Преспанскиот договор, еден меѓународен договор. Мицотакис, иако најавуваше, не го укина откако дојде на власт во Грција?

-Тој е правно дел од нашиот домашен правен систем, тој е дел од меѓународното право, а политички е еден договор што беше од сите страни во демократскиот свет истакнат како извонреден дипломатски успех. Федерика Могерини на некој начин си зема кредит, тој е делумно успех на европската дипломатија. Хајко Мас, германскиот МНР, вели оваа година добрите вести доаѓаат од Балканот. Од сите страни беше така издгинат и политички и правно тоа е работа што не може да се направи, ама може да се користи во предизборие, со не баш искреност во приодот. Ако има искреност, тогаш треба да се каже која е алтернативата, што ќе се стори, колку време треба, колку е тоа извесно и мислам дека ние како народ сме доволно зрели, се соочивме со нашата реалност, си преземавме одговорност за нашата судбина и мислам дека тоа народот негде внатре ќе го почувствува. Така што не сум баш сигурен колку можеби кај некои групи, ама генерално мнозинството тоа ќе го почувстува. Каде нас ни беше стравот, додавање придавка кон именката Македонија. Тоа гледам дека и лингвистите не го потенцираат често. Географската одредница е придавката „северна“, името е Македонија. Стравот ни беше да не не бидеме тоа што сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, тоа е суштината. Инаку сите ние знаеме дека од историски регион Македонија, нашата држава е во еден дел. Тука е исто така дел од суштината во тој спор и треба да бидеме чесни кога зборуваме за тоа, кога го објансуваме тоа.

Каква ви е соработката со Владата на Мицотакис. Неговиот став беше „против“ Договорот од Преспа за време на нивната предизборна кампања, но тој неодамна изјави дека нешто што е потпишано не може да биде поништено. Наративот го смени по изборите. Како тече имплементацијата на Договорот од двете страни. Дали има препреки?

-Договорот се спроведува, можеби динамиката секогаш има простор во смисла динамиката да биде подобра, меѓутоа во голем дел Договорот си тече и таму каде што има повеќе обврски за нас и таму каде што има реципрочни обврски. Да речеме Комисијата за трговски марки. Скоро ќе има средба со Комисијата за нови гранични премини, нешто што отвори како можност овој Договор. Мислам дека со Владата на премиерот Мицотакис успеавме да изградиме доверба, да имаме односи на разбирање и да бидеме свртени кон можностите и кон иднината. Грција е наш сосед и нивната поддршка на нашиот европски пат ни е многу значајна и можеме многу повеќе да добиеме. Ние сме на некој начин природни сојузници во решавањето на ова тешко прашање што долго време нè раздвојуваше практично од независноста. Тоа е комплексен однос, не толку едноставен, меѓутоа трендот е апсолутно позитивен.

Во контекст на ЕУ неминовно е прашањето за Бугарија. Вчера Вархеји напомена дека евроинтеграцијата на земјата зависи од натамошната имплементација на Договорот од Преспа и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Формиравме комисија, почна со работа, отворени се одредени прашања, меѓутоа на наша страна, на наше барање, односно барање на историчарите од македонската страна во Комисијата, Комисијата на некој начин сега е во форма на мирување, иако мислам имаат неформални средби со цел предизборно да не се искористат прашањата што се отворија таму во нашиов предизборен период. Прашањето за јазикот го отворија Бугарите. Дали сметате дека евентуално можеме да очекуваме препреки од бугарска страна можеби не за почеток на преговорите, но понатаму во отворањето и затворањето на поглавјата?

– Тој договор на некој начин го регулира механизмот како да се решаваат прашањата и разликите, дека ќе бидат решавани на пријателски начин, дека има комисија за прашањата од историјата и тука е разликата меѓу едниот и другиот. Бугарија е членка на ЕУ, ние сме земја кандидат и сакаме да почнеме пристапни преговори, меѓу другото со Договорот на некој начин Бугарија е насочена да нè поддржува во нашите чекори кон ЕУ. Е сега ако е целта да бидеме блиски на крајот на овој еден исклучително деликатен историски процес, не само прашањата што ги третира, туку по тежината и деликатноста на тие прашања. Ако е целта на крајот да бидеме навистина блиски и вистина пријатели, мора низ тој процес да има почитување на достоинството и на идентитетот на соседот. Историчарите, нели знаеме сите, меѓу другото разговараат и за хероите од минатото, меѓу кои и за Гоце Делчев, па се повикуваат на негови писма изворни на некој начин користејќи ги во тој даден историски контекст неговото самоопределување. Такво исто право имаме и денес живите Македонци. Прашањето на јазик и на идентитет во меѓународното право не се предмет на признавање друга држава. Меѓутоа тоа што е предмет на признавање е нашето право ние да кажеме кои сме, дека зборуваме на македонски јазик итн. И сега практично е невозможно овој процес да се одвива кон зближување и другарување ако го нема овој почит кон сегашноста. И исто така историските прашања нема да можат објективно да бидат, да се најде разбирачка ако ние се чувствуваме загрозени за тоа, за денес дека сме Македонци дека зборуваме македонски јазик. И затоа е многу деликатен процесот и мислам дека ќе застрани ако има тука позиција од тој тип. Ние сме внатре, тие се надвор. На вакви прашања, во Европа, две соседни држави објективно два блиски народа, во 21 век нема да може баш така да се одвива овој процес. Меѓутоа оваа ситуација ќе беше и без, има аналитичари кои велат ќе беше веројатно потешка да го немавме Договорот. Така што ова ќе трае и ќе треба многу вложување и нега во овој процес, нема да биде баш едноставен и преку ноќ, ама мора да заврши како што треба да заврши.

Да се префрлиме на МНР, неговото функционирање. Новиот закон за надворешни работи помина на владина седница, имаше и една јавна расправа за законот, 80 проценти од дипломатите предвидено е со законот да бидат кариерни. Со новите назначувања мислам дека тој процент е надминат и со сегашниот закон. Прво до каде е процедурата со назначувањето на последниот бран на пополнување на дипломатско-конзуларните претставништва?

-Најверојатно, најбрзо ќе бидат упатени тие коишто одат кон мултилатералните центри, да речеме Советот на Европа, бидејќи таму е поедноставна процедурата. За билатералните во фаза сме на чекање согласност, односно агреман од односната држава каде што е упатен, каде што ќе бидат упатени односните амбасадори. Убаво ќе биде овој процес да тече во балансот меѓу принципот и уметноста на можното во политиката мислам дека имаме еден добар баланс. Никогаш во историјата на македонската дипломатија не сме имале толку кариерни амбасадори, не само формално, да речеме ако сакаме вас да ве пратиме амбасадор, па да ве вработиме во МНР да поминете тука неколку месеци и ве праќаме надвор како кариерен од МНР сте. Такви сме имале седум во претходниот период. Сега немаме ниту еден. Огромен дел од кариерните амбасадори се луѓе што 20 години работат во Министерството, што носат товар, што знаат што прават, така што во таа смисла мислам дека можеме да бидеме задоволни. Дај боже ваков пристап да успееме да направиме и во другите важни сектори во нашето општество, повеќе од професијата, малку од политиката – во образованието, во здравството, мислам добар тренд и практика воспоставуваме што нема да биде лесно драстично да се прекрши, па да се вратиме назад на 80. Претходно сме имале една третина во реалноста кариерни, две третини политички. Сега е сосем свртено, дури унапредено со над 80 проценти. За законот може долго да зборувам, беше правен овде, користевме неколку странски искуства, имавме совети од британското Министерство, од Форин офисот, холандското МНР. Целта е да се воведе повеќе ред и предвидливост во кариерите, малку врзување на рацете на министерот, сега моите и сите идни министри, дискрецијата да не биде преголема да имаат критериуми кој може да биде директор, кој може да биде помошник-директор, кој може да биде кариерен амбасадор, има услови. Ги издвојуваме дипломатите од системот на јавни службеници бидејќи имаме големи проблеми во спроведувањето на таа легислатива заради тоа што ние работиме со странство, луѓе одат во амбасада, се враќаат тука, тие што се тука. Секој вработен во МНР мора да има безбедносен сертификат, бидејќи работиме со доверливи информации, системот на оценување, двојноста на звањата и дипломатски звања и административни звања прави многу тешко.

Сметате дека сега со новиот закон ќе се воведе ред во однос на дипломатските службеници?

– И целта е имаме дипломатски звања, платата се пресметува заснована на дипломатските звања, има една предвидливост, по извесно ниво нема автоматизам во унапредувањето. Оценката кој вистински се истакнува не е само на министерот, односно на политичкото раководство, туку е на едно колективно тело каде што има високи дипломати. Тоа е во суштина целта на законот. Каква ќе биде динамиката не знам, има уште малку време со овој состав. Ние од ЕУ имаме поддршка да ставиме на законот и европско знаменце, бидејќи промовира мерит. Нели една од целите во реформите на јавната администрација е тоа, меѓутоа политички не знам колку е здраво, но тој забрзан начин да помине. Мислам дека е добро да се судрат сите аргументи макар изгубиле малку време.

Дали очекувате да се донесе во сегашниов парламентарен состав и дали имате поддршка од опозицијата за овие законски решенија?

– Ќе видиме, чекаме на некои средби, првите индиции не се посебно позитивни, ќе видиме. Имаше една реакција негативна од вториот помалиот синдикат новосоздадениот.

Од синдикатот ви забележаа мислам за издвојувањето на дипломатските службеници и направија паралела со недоработен закон за служба, како армијата, полицијата?

– Тоа е нешто за што се залагаат сите дипломати. Јас оваа куќа многу добро ја познавам, бев тука од 96 година. Тоа е нешто за што се залагаат практично сите дипломати од тоа време наваму.

На што се должат нивните забелешки?

– Па мислам како тргнало ќе дојдеме до една сосема извртена ситуација. Политичкото раководство да се залага за професионализација, а помалиот синдикат да се залага за политизација ако вака продолжат да течат работите. Има на пример реакција зошто имаме интерни конкурси за редовна ротација. Тоа беше лани во декември, нешто што е многу нормално и на што изборите не смеат да влијаат бидејќи на тие конкурси се пријавуваат луѓе што се овде вработени, дипломати. На некој начин таа поплака имплицираше дека изборите имаат улога во тоа упатување, во работата на тие комисии итн. Меѓутоа едно по едно, прашање по прашање и нив ќе ги убедиме.

Интервјуто го правиме во момент кога со земјава управува техничка влада. Нè чекаат избори. Ме интересира вашето мислење за концептот техничка влада, првично беше воведен како модел за да се надмине кризата согласно Пржинскиот договор, меѓутоа стана законска обврска. Колку концептот техничка влада треба да се применува и понатаму, дали тоа ја демократизира земјата, придонесува за соработка на власта и опозицијата во Владата што ги подготвува изборите или на некој начин прави паралелни институции додека таа функционира во тие сто дена?

– Јас ја нарекува пржинска влада, нели по Договорот од Пржино. Лично мислам дека тогаш тоа имаше смисла, бидејќи според наодите на ЕК меѓутоа и Стејт департментот и Фридом хаус и многу други реномирани институции. Еден човек и тесен круг околу него решаваа за премногу работи и беше загрозен и изборниот процес во смисла на јавни службеници по пет луѓе со мобилни, со адреси, функционери по 15 луѓе, државни инспекции, приватни компании, по тој тип притисоци. Ние за тоа чувме, од таму знаеме сите што цел народ го чу тоа преку т.н. бомби. Тоа навистина имаше смисла бидејќи таква силна контрола злоупотребувајќи ја државната власт оневозможува фер натпревар, фер избори. Ова сега можеби како второ со други улоги тогашната власт сега опозиција и обратно итн. Еве не знам можеби има смисла, меѓутоа на долг рок ако сме земја каде што функционираат институциите, ако имаме таква амбиција мислам дека оваа одзема време од работата. Ние ги имавме шест месеци игрите со мандатот коишто завршија трагично со 27 април 2017 година. Потоа губевме во оние периоди каде што многу малку нешта може да прави Владата заради изборите, така беше пред локалните избори и пред претседателските избори и практично чист мандат каде што можат да течат работите без тие законски лимити предизборни е помалку од две и пол години, можеби е блиску до две години, преполовен мандат. Е сега ние за две години ги направивме сите овие работи што во стратегискиот дел се посебно видливи, крупен исчекор напред. Мислам дека веројатно по овие избори треба да се направи еден политички консензус, бидејќи ќе биде тажно ако остане овој степен на огромна недоверба и битка на сè или ништо. Мислам дека тоа мораме да го надминеме. Имаме поголеми амбиции од тоа.

Што очекувате од претстојните избори, развивме ли политичка култура. Дали очекувате да се соочиме со голем број лажни вести, со оцрнување на противникот во однос на водењето на кампањата?

– Да. Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката толку посурова е битката меѓу политичките чинители. И нашата следна голема стратегиска битка за да не биде е токму таа дома врзана со клиентелизмот и со корупцијата. Имаме дополнителен проблем, имаме работа со една политичка сила, којашто за разлика од другите делови на општеството, не помина низ катарзата. Значи нема тука јасна дистанца од тоа што го слушнавме, нема јасна дистанца од сегашниот нивен почесен претседател Груевски, нема јасна осуда, напад врз уставниот поредок, мирен премин на власта по избори за тој што има, обезбедил преку коалицирање или на друг начин или самостојно мнозинство во Собранието, тоа да се обидува да се брани со патриотизам, значи не може да е патриотизам уставниот поредок на својата татковина, нема за тоа оправдување. И сега ако нема јасна дистанца за тоа и сосем друг стил на водење политика, не дека на другите страни ни е идеална ситуацијата мислам дека тоа ја прави работата и нивната одговорност во купот како влог. И затоа мислам дека ќе биде сурова за жал битката и ќе треба многу мудрост и трпение кај граѓаните, а од друга страна пак за нив се работи. Можеби некои ќе бидат, можеби ќе биде целта таква луѓе да речат дека се заситени од политика. Меѓутоа политиката сакале ние или не, целиот живот ни зависи од политиката. Дали ќе не биде на крупен план, како воздух дишеме, дали има доктор и дали го бива, каква е учителката на детето, какви ни се платите, дали сме здравствено осигурани или не сме, каква ни е пензијата, дали се чисти улиците, се тоа е политика. А граѓаните зборуваат, кај нас суверенитетот произлегува од граѓаните по Уставот. Кога гласаат и мислам дека треба да кажат граѓаните преку гласање за сите овие нешта.

Независно од исходот на изборите до колку имате можност, дали би прифатиле уште еден мандат пак на оваа позиција, кои се вашите планови за иднината?

– За блиската иднина главниот фокус ми е европската агенда за историската шанса се назира, тука мислам дека не треба многу да даваме надеж, треба да сработиме се и повеќе од тоа без притоа да дигаме бидејќи не е корисно. Имавме такво искуство и треба да сме зрели во таа смисла, меѓутоа мора да направиме се што можеме. Има неколку седмици , месеци, јас тоа го чувствувам како незавршена мисија на некој начин ќе се вложам целосно во тоа. Ќе се вложам и на еден или на друг начин, не знам точно како, во кампањата, претстојниот политички натпревар, а што после немам размислувано. Ако имам таква прилика веројатно ќе бидам негде каде што ќе мислам дека ќе можам да направам разлика каде што ќе ми биде предизвикот, некоја од овие покрупниве стратешки битки. Мислам дека ми е патот во надворешните работи ако го завршиме тоа пробивот кон ЕУ, мислам кон внатре ми е поголемиот предизвик. Во следниот период.

Во врска со мемоарите што ги најавивте во минатогодишното интервју за МИА. Тогаш правевме паралелно интервју со поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Коѕијас. Тогаш ни најавивте дека ќе пишувате мемоари за Преспа, до каде сте со мемоарите, дали почнавте, направивте некаков нацрт?

– Повремено размислувам за тоа. Вие сега ме потсетивте, ама за жал уште ми е во план. Имам некои белешки за да не ми избега внатрешниот наратив, чувството. Го чувствувам тоа, мислам дека треба, ќе биде корисно и здраво тоа да се направи. Веројатно Никос Коѕијас е во предност сега во таа смисла, можеби е прилично напреднат ако на тоа работи. Ама ќе дојде време еден ден, мислам дека тоа треба се направи. Мислам дека тоа ќе помогне ако е направено сосем со отворена душа ќе помогне за оваа страст што уште го буди тоа прашање, меѓу народот, разликите итн. Не може да се работи на едно прашање што толку многу влијаело на емоциите на сите нас, ако не се има љубов и спремност да се понесе тој товар, љубов кон народот. Мислам тоа може да се објасни само низ една таква лична приказна. Затоа е важна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด