Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sdsm fin

17.08.2020

Постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада, се очекува средба меѓу претседателите Заев и Ахмети за конечен коалициски договор, соопштија од СДСМ.

Според партиски извори, интензивните работни средби продолжиле за време на викендот и денес со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада.

„Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“, се вели во соопштението на СДСМ.

За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново