Поплави во Германија: Само во две провинции штета во вредност од 5 милијарди евра
Објавено на 22 јули, 2021 во 14:48
Неодамнешните големи поплави предизвикаа огромна штета во германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, како и делови на Баварија и Саксонија, а нивната вредност се проценува на неколку милијарди евра.
Осигурителните компании проценуваат дека вредноста на штетите само во Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц е пет милијарди евра.
„Во моментов пресметуваме дека штетата е осигурена од четири до пет милијарди евра“, рече директорот на Здружението на германски осигурителни компании, Јерг Асмусен.
Тој посочи дека ова е само прва проценка.
Така, овие штети би биле поголеми од оние што беа предизвикани од поплавата во Германија пред 19 години, што предизвика штета во вредност од 4,65 милијарди евра.