Сметките за електрична енергија ќе бидат повисоки, додека законот за намалување не се изгласа во Собрание
Објавено на 13 јули, 2021 во 14:56
Намаленото ДДВ се уште е во собраниска прцедура, се додека законот не помине во Собрание, сметките за електрична енергија ќе бидат повисоки, рече денеска Министерот за финансии, Фатмир Бесими.
– ДДВ ќе се намали од 18 на 5 проценти кога ќе биде усвоено, но јас сметам дека е прашање на денови овие измени да бидат донесени. На новите сметки е опфатен период пред одлуката на РКЕ и опфаќа дел пред таа одлука и една недела по таа одлука. Се додека законот не помине во Собрание, сметките ќе биде повисоки, рече Бесими.