Нов протест на опозицијата во Приштина
Приврзаници на косовската опозиција во Приштина денеска одржуваат нов протест на кој повторно бараат поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Протестантите се собраа пред зградата на Филолошкиот факултет во Приштина и се упатија кон центарот на градот кон Парламентот и Владата.
Во градот, распоредени се голем број на полицајци, и блокирани се улици. Засилено присуство на полицијата е регистрирано и на магистралните патишта од Косовска Митровица, Гњилане, како и на другите патишта кои водат кон Приштина.
Припадниците на косовската опозиција фрлаа камења и молотови коктели врз зградата во Приштина. Полицијата е спремна за евентуална ескалација, додека силите на Кфор се во состојба на подготвеност.