Од Црна Гора повлечени отровни кукли Маша, поради хемикалија која предизвикува неплодност
Црногорските санитарни инспектрои при контрола за безбедност на пластични играчки кај пет примероци ја пронашле хемикалијата фталат над пропишаното ниво (0,1 отсто), која е ризична по здравјето на детето, поради што играчките биле повлечени од пазарот.
Концентрацијата на оваа хемикалија која била поголема од дозволнета, е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, кај сет од пластични патки, музичка кукла, пластична кукла „Диверсити фешн“ и гумените играчки „Бабл тојс“ со потекло од Кина, пренесува српски „Курир“.
Оваа хемикалија може штетно да влијае врз плодноста и плодот, ја нарушува работата на хормонскиот систем, а може да предизвика и алергија.
На пазарот се пронајдени 160 парчиња од овие играчки, а увозниците и дистрибутери ги превзеле сите мерки на неодложно повлекување на производот од промет и повлекување од потрошувачите.
Извор: Плусинфо.мк