Во Грција денеска генерален штрајк

Објавено на 4 февруари, 2016 во 07:36

Кон грчкиот “ден на гневот” ќе се приклучат таксисти и оние на товарните камиони, како и морнарите. Грчките фармери исто така ќе продолжат со својата штрајк, блокирајќи со трактори автопатите на земјата, пренесе ТАСС.

Најголемиот синдикат во земјата “Универзална конфедерација на трудот” ги повика сите да учествуваат во штрајкот. “Ги повикуваме сите работници и невработени, пензионери и млади до 24-часовен штрајк во четвртокот, 4 февруари и на митингот на синдикатите во 11 часот на градското плоштадот “Клафимонос”, пишува во пораката на синдикатот.

“Заедно ние треба да ги здружиме гласовите против активностите на владата, наспроти драстичното намалување на приходите, приватизацијата и деструктивни мерки од третиот договор со меѓународните кредитори.

Масовното и единствено учество во штрајкови и демонстрации во Атина и во поголемите градови на земјата ќе бидат нашиот одговор на политиката, која и  се заканува иднината на генерациите што доаѓаат “, пишува во пораката.

Грчките медиуми, за да можат да  го пренесат и осветлат протестот во четвртокот одржаа свој штрајк, ден порано – во средата 3 февруари, кога државата беше во медиуски мрак.

Извор: Локално

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.