Совет на Европа: Во Хрватска исчезнуваат голем број деца бегалци

Објавено на 4 февруари, 2016 во 13:39

Група експерти на Советот на Европа за сузбивање на трговијата со луѓе го објави најновиот извештај за Хрватска во кој изрази загриженост за се поголемиот број исчезнати деца меѓу бегалците и ги повика властите во Загреб да преземат мерки за спречување на таквите случаи.

Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека оваа порака на официјален Загреб му ја испратил и Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа.

Групата експерти на СЕ за сузбивање на трговијата со луѓе во истиот извештај поздрави некои од мерките што се преземаат, како усвојување на законот за оспособување на вработените, кревање на свеста во училиштата за трговијата со луѓе, како и националната стратегија за сузбивање на сиромаштијата и социјалната исклучивост.

Но, групата експерти, попозната како ГРЕТА, предупредува и на некои прашања за чие решение треба дополнителен напор.

– Со оглед на неодамнешните извештаи за исчезнување на голем број деца бегалци без придружба, идентификацијата на децата кои се жртви на трговијата со луѓе стана приоритет за цела Европа – рече Јагланд.

Меѓу проблемите во Хрватска, кои ги идентификува групата експерти на СЕ и кои се опфатени во последниот извештај, треба да се идентификуват можните жртви меѓу се поголемиот број нерегуларни мигранти, баратели на азил и малолетници без придружба.

Во извештајот се изразува загриженост за се почестите исчезнувања на деца од бегалските центри и притоа Хрватска се повикува да стори поголем напор за да ги спречи таквите инциденти.

Извор: Плусинфо.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.