Луксембург ќе бара руда во вселената

Објавено на 5 февруари, 2016 во 07:42

Владата на Луксембург објави намера дека сака да копа руда на астероидите во вселената. Како што се наведува, во потрага за благодорни метали како златото, платината и волфрамот, на ред се правни рамки за експлоатација на ресурси надвор од Земјината атмосфера, а ги повикуваат и потенцијалните инвеститори.

Поранешниот генерален директор на Европската вселенска агенција (ЕСА) Жан-Жак Дорден ќе им биде советник. Според неговите зборови, рударството во вселената повеќе не е научна фантастика.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.