Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Рускиот претседател Владимир Путин го смени претседателот на Централната изборна комисија пред парламентарните избори во септември годинава.

На списокот од пет луѓе кои ги именува Путин во Комисијата која има петнаесет членови не е и сегашниот претседател Владимир Чуров.

На негово место е неименувана Ела Памфилова, која е советник на Путин за човекови права.

Чуров е верен сојузник на Путин и раководеше со Централната изборна комисија од 2007 година.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека станува збор за редовна смена на членовите на Комисијата чиј мандат истекува на 27 март.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново