Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во 12 општини во Србија е прогласена вонредна состојба.

Претставници на локалните власти и секторот за вонредни состојби  и припадници на војската извлекоа стотина луѓе од своите домови.

 

Според податоците на српското МВР, поплавени се 710 домаќинства, а евакуирани се 118 лица. Се работи за општините Ивањица, Лучани, Горњи Милановац, Ариље, Бајина Башта, Пожега, Чајетина, Бујановац, Чачак, Нови пазар, Ужице и Краљево.

Водостојот моментално опаѓа, но нова опасност од поплави се очекува за в четврток, а врнежи ќе има се до 11 март. Најавите се дека во четврток ќе наврнат 30 литри дожд на метар квадратен, но поради топење на снегот можно е да се зголемат водотеците и да предизвикаат излевање.

Големи поплави во Србија имаше и во 2014 година.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново