Европа на нозе по терористичките напади на Брисел

Објавено на 22 март, 2016 во 15:32

Високиот претставник на ЕУ за надворешна полиотика и безбедност Федерика Могерини не успеа да ги сокрие емоциите поради терористичките напади во Брисел, пренесе Телма.

Првата прегратка во знак на поддршка ја доби од Јорданскиот министер за надворешни работи. Сеуште чекаме дополнителни информации за динамиката на нападите рече Могерини но јасно е дека корените на болката која ја чувствуваме сите во регионот се многу слични.Заедно сме во одлуката да реагираме за да го спречиме радикализмот

Вџашеност од нападите во Париз изрази и францускиот претседател Оланд.

Во мегувреме во Европа се зголемуваат безбедносните мерки.ХОландската војска ја зголеми безбедноста на своите аеродроми и граници а слични мерки превзема и Германија.Се огласи и францускиот министер за надворешни работи Бернард Казенув којшто соопшти дека дополнителни 1600 полицајци се прераспределени заради контрола на воздушниот,водниот и железничкиот сообракај.

Британскиот премиер Дејвид Камерон свика итна седница на неговиот кабинет поради експлозиите во аеродромот и метро во Брисел. На овие напади треба одлучно да се одговори, порача германската канцеларка Ангела Меркел Престедателот на Европскиот Совет Доналд Туск изрази сочуство до семејствата на жртвите преку соопштение испратено до медиумите.

Се огласи и претседателскиот кандидат на Републиканците, Доналд Трамп.

Со став излезе и Кремљ.Портпаролот Димитриј Песков изјави дека претседателот Владимир Путин силно го осудува овој „варварски криминал“. Руското Министерство за надворешни работи пак, соопшти дека западната политика на двојни стандарди доведе до терористички напад.

Извор: Телма

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.