Бугарија, Романија и Хрватска најкорумпирани во ЕУ
Корупцијата во трите земји е 6,3 проценти од вкупниот бруто домашен производ на 28-те земји на ЕУ.
Над 1000 милијарди евра годишно чинат ЕУ корумпираните европски земји, а Бугарија, Романија и Хрватска се најкорумпираните земји во ЕУ. Ова се открива во студија на Европскиот парламент организацијата RAND Europe, цитирано од в. “Индипендент”. Споменатата сума од 1.000 милијарди евра е еднаква на 6,3 проценти од вкупниот бруто домашен производ на 28-те. Тоа предизвика повици за создавање на Европско јавно обвинителство, бидејќи обидите да се прекинат коруптивните практики не даваат резултат. Корупцијата, која се дефинира како “злоупотреба на службената положба за лична корист”, може да варира од плаќање поткуп на државни службеници, до склучување на договори за јавни набавки. Покрај финансиски, загубите како резултат на коруптивните практики имаат и други димензии и доведуваат до повисоки нивоа на организираниот криминал и слабеење на владеењето на правото.
Извор: Локално.мк