Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Мигрантите вчера попладне повторно се вратија на пругата кај Идомени на грчко-македонската граница, кусо време откако полицијата спроведе операција за нејзино расчистување, јави дописникот на МИА од Атина.

Железничката пруга беше отворена само кусо време, по што мигрантите повторно поставија шатори и големи камења на шините.

Ситуацијата во Идомени останува тензична, а вчера е повреден и еден Сириец, под засега непознати околности.

Грчката полиција вчера употреби и солзавец против група мигранти кои мавале со камења врз полициско комбе за кое мислеле дека го прегазило повредениот Сириец. Според полициски извор, полициските единици за сузбивање нереди брзо интервенирале и ја разбиле групата агресивни мигранти.

Засега се уште не е понато како бил повреден Сириецот.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново