На поклонување на гробот на Тито

Објавено на 4 мај, 2016 во 14:15

Стотици луѓе од различни краишта на поранешна Југославија ја посетија Куќата на цвеќето во Белград по повод 36-годишнината од смртта на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, јави Дојче веле.

Луѓето доаѓаа носејќи знамиња и различни симболи на поранешна СФРЈ, многумина облечени во партизански униформи или со закачени добиени одликувања од времето кога претседател беше Јосип Броз Тито. Иако комунистичкиот водач Тито раководеше со сврста рака, одржуваше блиски контакти со Западот и во негово време, за разлика од Советскиот блок, беа дозволени некои слободи, како слобода на патување. Државата гарантираше сигурни работни места и релативна благостостојба на жителите, за кои подоцна преодот кон пазарна економија преку транзиција беше тешко поднослив. Значи, многумина му се благодарни за Тито што ги зачува од „прегратката“ на Советскиот Сојуз, одржувајќи добри односи со Западот преку кој обезбедуваше финансиска поддршка за одржување на добар животен стандард во земјата.

Видеото погледнете го ТУКА.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.