Панама ја затвори границата за кубанците
Објавено на 10 мај, 2016 во 07:38
Панама ја затвори границата за кубанците кои се обидуваат да емигрираат во САД, а оние што се наоѓаат на нејзина територија со авиони ќе ги превезува на американско максиканската граница, пишува Радио Слободна Европа.
Претседателот Хуан Карлос Варела изјави дека трансферот со авиони на околу 3 илјади и 800 кубанци бил договорен со неговиот мексикански колега.
Вашингтон прима кубанци ако успеат да стигнат до границата.
Нивниот број значително се зголемил во последно време, бидејќи страхуваат дека со нормализацијата на односите меѓу САД и Куба ќе го изгубат повластениот статус на политички емигранти.