Блокада на грчките гранични премини поради штрајк на грчките граничари

Објавено на 20 мај, 2016 во 11:20

Блокада на грчките гранични премини поради штрајк на грчките граничари, јави Телма.

Влезот во Грција од денес до понеделник ќе биде значително отежнат поради штрајкот на грчките цариници. Од граничната полиција на преминот Евзони кај Богородица за Телма информираат дека возила се пропуштаат на секои два часа и штрајкот и блокадата на границите се најавени да траат до понеделник наутро.

„Цариниците штрајкуваат до понеделник наутро. Камионите не поминуваат воопшто, а автомобилите ќе поминуваат на секои 2 часа. Отвораат на кратко, на 10 минути и пропуштаат автомобили и автобуси и потоа повторно затвораат. Камионите не поминуваат“, велат од граничната полиција на Евзони за Телма.

Штрајкот и блокадата се и на другите два гранични премини, Меџитлија и Дојран. Од царината на Меџитлија велат дека до утре сигурно ќе биде затворена границата и ќе се пропуштаат само итни случаи.

Од граничните служби информираат дека поради штрајкот протокот на возила ќе биде отежнат се до понеделник наутро, кога завршува штрајкот.

Тридневниот генерален штрајк со кој се блокирани сите грчки гранични премини е во организација на Федерацијата на грчки цариници против новиот пакет мерки на грчката влада.

Извор: Телма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.