Почина Велимир Бата Живоиновиќ
Објавено на 23 мај, 2016 во 08:28
Легендата на српското и југословенското глумиште Велимир Бата Живоиновиќ (83) починал синоќа во 22:45 во болницата „Свети Сава“ во Белград, објавија утрово српските медиуми.
Тој е роден на 5 јуни 1933 година во Кораќица, село близу Космај.
Зад себе има бројни филмски и театарски улоги. Неговото прво филмско деби е во 1955 година во „Песна од Колубара, а негова најпозната е улогата на Валтер во „Валтер го брани Сараево“.
Извор: Либертас.мк