Објавена фотографија на еден од напаѓачите на турскиот аеродром „Ататурк“
Објавено на 30 јуни, 2016 во 08:36
Турската Управа за борба против тероризам објави фотографија од еден од тројцата терористи кои што прексиноќа извршија терористички напад врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“.
Фотографијата е направена со помош на една од безбедносните камери, а терористот бил препознаен по неговата облека.
Извршиен е и претрес на две куќи во кои што полицијата успеала да пронајде голем број на шифрирани документи поврзани со терористичката организација, како и различни дигитални материјали за кои што турските власти не откриваат повеќе детали. Сите материјали ќе бидат детално прегледани од експерти.
Турските власти соопштија дека бројот на мртви се искачи на 42, а повредени се 238 луѓе.
Извор: Плусинфо