Момче уби тројца полицајци во Турција
Објавено на 11 јули, 2016 во 14:22
Момче уби тројца полицајци и повреди уште тројца други полициски службеници на автобуска постројка во турскиот град Шанлиурфа, по што е застрелано од полицијата.
Како што јави ТАСС, до инцидентот дошло откако 17-годишното момче било запрено од полицијата поради проверка на документи.
Гувернерот на Шанлиурфа, Ѓунгор Азим Туна, изјави дека не станува збор за терористички напад.
Напаѓачот имал психолошки проблеми. Тој патувал со своето семејство и го земал пиштолот на неговиот таткo, додаде Туна.
Извор: Плусинфо.мк