Денот на славјето се претвори во ноќ на хорор
Нов терористички напад во Франција. Најмалку 84 лица загинаа откако напаѓач со камион упадна во публиката која ја следеше прославата на националниот празник.
Камион влета во публиката во францускиот град Ница убивајќи најмалку 84 лица во напад кој француските власти веднаш го прогласија за „терористички“. Возачот на камионот, 31-годишен Французин со туниско потекло, бил застрелан од полицијата откако успеал да мине речиси два километри на променадата преполна со луѓе.
Властите потврдија дека пронашле лични документи, како и оружје во камионот. Напаѓачот отворил оган врз полицијата пред да биде застрелан.
Нападот се случи на Денот на Бастилја, прослава на најголемите француски вредности: нејзината секуларна република и значењето на Слобода, Еднаквост и Братство.
„Франција беше нападната на нејзиниот национален празник… симболот на слободата“, рече претседателот Франсоа Оланд.
Министерот за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека 18 од повредените се во критична состојба.
Извор: Дојче веле