Србија ќе формира тимови за контрола на границата
Објавено на 18 јули, 2016 во 07:19
Српската влада усвои одлука за формирање заеднички полициски и воени сили за контрола на границите на Србија.
Како што се наведува во соопштението на владата, заедничките тимови ќе ги контролираат границите со Бугарија и Македонија.
Целта е спречување нелегално минување мигранти. Според проценките, сега во Србија имало околу 2700 мигранти.
Извор: Радио Слободна Европа