Јапонија се бори со топлотни удари
Абнормално топлото лето ќе продолжи, тврдат јапонските метеоролози.
Топлинските удари кои негативно се одразија врз илјадници луѓе во Јапонија и беа причина за нивното влегување во болница, се намалени. Но само од 11 до 17 јули во земјата во медицински установи се тетеравеле близу 3100 лица. Тоа е 1790 лица помалку во споредба со претходната недела, објавија властите, цитирани од агенциите.
Во поширокиот регион на Јапонија горештините намалија, но во повеќето области на земјата температурите продолжуваат да се двжат над 30 степени. Минатата недела поради горештини починаа три лица.
Абнормално топлото лето ќе продолжи, тврдат јапонските метеоролози. Во оваа година најжешките денови ќе се на крајот на јули и почетокот на август. Минатата година во Јапонија поради топлото време починаа над 100 лица, а во болниците влегоа 53 илјади. Во прогнозите на метеоролозите се вклучуваат и предупредувањата на медицинските да не се стои долго време на сонце, да се носи капа и да се пијат колку што може повеќе течности. Влијанието на климатските феномени Ел Нињо и Ла Ниња во Тихиот Океан во Јапонија се значителни.