Во Грција откриена нелегална шема за одлив на сретства надвор од земјата
Грчката полиција уапси 24 лица осомничени за учество во шема на нелегална паричен трансфер од Грција во странство спротивно на утврдениот режим за контрола на движењето на капитал.
Полицијата во соработка со Генералниот секретаријат на јавните расходи и на Централната банка на Грција ги истражува активностите на луксембуршката компанија осомничена за организирање на нелегалната шема. “Само во реонот на престолнината запленети 164 мобилни терминали за плаќање и задржување 24 соработници на организацијата која ги користела”, изјави шефот на грчката економска полиција Манолис Плумис, цитиран од Атинската новинска агенција.
Според истражителите сложената шема за перење пари е поврзана со фирма регистрирана во Луксембург, која ги шири овие платежни терминали. Таа од своја страна има сметки во банки во Бугарија, каде што постапуваат дознаките од терминалите, заобиколувајќи ги грчките платни системи. Добиени на овој начин пари се перат во кредитни институции во Малта. Продадени се вкупно 1195 мобилни терминали. Меѓу купувачите се повеќе од 970 грчки фирми, кои вклучуваат туристички канцеларии, барови, ресторани, компании за изнајмување на автомобили. Полицијата веќе ја има листата на сите купувачи на нелегалните уреди.
Извор:ТАСС