(ВИДЕО) Се појавија снимки од вечера на Трамп со најбогати Руси, вмешани во скандалот со неговиот син
Телевизијата CNN објави снимка од средбата на претседателот на САД, Доналд Трамп со рускиот бизнисмен Арас Агаларов во 2013 година во Лас Вегас.
Арас и Емин Агаларов, татко и син, имале заеднички бизнис во Москва со Трамп, затоа што таа година во руската престолнина бил одржан изборот за Мис универзум. Имено, Трамп, кој ги откупил правата за организација на конкурсот подоцна бил во Москва како почесен гостин. Организаторите биле токму Агаларови, пренесува Спутник.
Да потсетиме, пред неколку дена во САД речиси изби нов скандал, кога беше откриено дека синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп Џуниор, се состанал со руската адвокатка Наталија Весељницка, за време на претседателската кампања минатата година, која наводно му понудила компромитирачки информации за Хилари Клинтон. Тој состанок, како што пишуваат тамошните медиуми, го организирал Роб Голдстоун, кој изјавил дека тоа го направил по барање на негов клиент од москва, пејач текстописец и бизнисмен Емин Агаларов.
Случајот е под истрага.
Според квалитетот, новоизлезената снимка е приватна. На состанокот присуствувале американскиот продуцент Роб Голдстоун, сегашниот личен консултант на претседателот на САД; Мајкл Коен, како и поранешниот телохранител, сегашен советник на претседателот Кит Шилер. На снимката Трамп зборува за Арас и неговиот син, поп ѕвездата Емин, како за најмоќни луѓе во Русија.
И NBC објави снимка на Трамп со Русите, од наводна забава во москва од 2013 година, на која се слуша како Трамп вели дека ги сака Русите.
{vembed Y=flnHgSi_Qg8}