Во поплавите на Халкидики се евакуирани и македонски туристи (ФОТО)
Објавено на 18 јули, 2017 во 07:46
Големо невреме владее во туристичкото место Торoни на вториот крак во Грција. Обилни дождови и поплави ги исплаши туристите во ова место. Водата носела сѐ пред себе. Оштетени се многу автомобили на туристите. Туристи кои биле сместени на првите катови од објектите биле евакуирани. Грчките медиуми јавуваат за поплави и на други места во земјата.
Во конзулатот во Солун е примен повик од едно македонско семејство кое е на летување, но истото не се наоѓа во опасна загрозувачка ситуација.
Од МНР додаваат дека врнежите и силниот ветар се очекува да престанат утре на пладне. Во македонскиот конзулат функционира дежурен телефон00306987200410, на кој може да се обратат македонски државјани во случај на потреба.