Силни дождови предизвикаа поплави во Истанбул
Луѓе биле принудени да ги напуштат своите автомобили и да ги напуштаат железнички композиции, блокирани од надојдената вода поради дождот .
Тешки дождови во Турција предизвикаа поплави на улиците и предизвикаа проблеми со градскиот транспорт во Истанбул.
Луѓе биле принудени да ги напуштат своите автомобили и да ги напуштаат железнички композиции, блокирани од надојдената поради дождот води. Слики на социјалните мрежи и турските телевизии покажаа поплави во метро станица и патници кои требало да чекаат да бидат евакуирани со гумени чамци.
Во кварт Ускудар на азискиот брег на градот надојдените води од Босфор ги преплавијаа патишта и плоштадите. Привремено беше затворен и подводниот тунел меѓу Европа и Азија, кој беше отворен минатата година.
Тешките врнежи беа придружувани и од силен ветер кој дувал до 80 километри на час.
Општината во градот ги предупреди жителите да не користат автомобилите, освен во случаи на итна потреба. Премиерот на земјата Бинали Јилдирим ги утврди случувањата како “катастрофа”, наведувајќи дека “за краток период паднало невообичаено количество дожд”. Тој, потврдил дека градоначалникот на Истанбул и Владата интензивно соработуваат за справување со ситуацијата.
Извор: АФП