Жештината ги искриви шините на пругата Белград – Бар
Објавено на 7 август, 2017 во 10:48
„Србија воз“ соопшти дека во прекин е редовниот сообраќај на пругата Белград –Бар, поради дефект на шините, што предизвика доцнење на мешународниот воз од Белград.
До прекин дошло заради појавата „сончева кривина“ тоа е се случува кога шините ќе се искриват поради превисоки температури на воздухот,.
Искривувањето е меѓу станиците Бистрица – Пријепоље. Поправката на дефектот е во надлежност на Инфраструктура на железницата на Србија.
Меѓународниот воз ќе продолжи да сообраќа од станицата Прибој каде е запрен, кога ќе се отстрани дефектот.
„Србија воз“ на патниците им кажа за настанатата ситуација и им обезбеди освежување.