Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Медиумската ситуација на Балканот секој ден се повеќе се влошува, оценува доскорешната претставничка на ОБСЕ за слободата на медиумите.

Таа во изјава за Радио Слоодна Европа вели дека тоа е „ефект од војните и општествата во транзиција“.

- Сепак, зад се стои неподготвеноста на политичарите и оние кои имаат моќ да се откажат од контрола и влијание во медиумите. За жал сите тврдат дека се демократи. Но, во пракса се однесуваат како во држави во кои нема медиумски плурализам, изјави Мијатовиќ.

Таа додава дека не се новинарите тие кои не се виновни и дека не носат одговорност, бидејќи им недостига солидарност и проесионализам.

- Има и проблеми од економска природа, односно недостиг од пари. Многу мал маркетиншки колач што може да се подели меѓу голем број медиуми. Недостига и едукација, оценува Мијатовиќ.

На глобален план според неа, медиумската ситуација е многу проблематична.

- Не се проблем само лажните вести, туку и настојување медиумите да бидат под контрола многу повеќе отколку претходно, рече Мијатовиќ.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner