Три години затвор за главниот уредник на електронското издание на турскиот весник „Џумхуриет“
Објавено на 21 ноември, 2017 во 11:39
Главниот уредник на онлајн изданието на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“ Огуз Ѓувен денеска е осуден на затворска казна во времетраење од три години и еден месец, по обвинение за извршување на пропаганда во полза на терористичка организација.
Ѓувен беше уапасен во мај поради информација за сообраќајната несреќа во која загина обвинител, кој извршуваше истрага за многу случаи по воведувањето на вонредна состојба во Турција.
Во јуни тој беше ослободен со цел да му се суди од слобода. Обвинителите за случајот настојуваа тој да биде осуден на десет и пол годишна затворска казна.
Извор: MИА