Американски воен авион се урна кај Окинава
Објавено на 22 ноември, 2017 во 09:24
Авион на американската воена морнарица, кој носел 11 патници и членови на екипажот, се урна во море, источно од Окинава, јавува „Би-би-си“.
Веста, како што наведува британскиот јавен сервис, ја потврдиле воени претставници на американската воена морнарица.
Авионот бил на пат да слета на носачот на авиони „УСС Роналд Реган“.