Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Делови на Велика Британија денеска се зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај.

Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс.

Поради снегот има застои на повеќе патни правци во земјата, а доцнат или целосно се откажани повеќе возови и авионски летови.

Во реонот на Сенибриџ во Велс е формирана снежна покривка од 28 сантиметри, додека во местото Хај Вејкомб, во близина на Лондон, наврнале 12 сентиметри снег.

Аеродромот во Бирмингем и лондоснкиот „Станстед“ ги откажаа сите летови поради замрзнување на пистите, а во реонот на Лестер целосно беше прекинат сообраќајот на автопатот М1, кој го поврзува Лондон со североисточниот дел на Англија, .

Велшката полиција им препорача на граѓаните без поголеми потреби да не заминуваат на пат.

Британската железници информира дека поради снегот се регистрирани поголеми доцнења на над десет возови, во најголем дел во реонот на Бирмингем.

Поради „неповони временси услови околку теренот“ откажен е и еден рагби натпревар во Лондон.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново