Убиен политичкиот лидер на косовските Срби во Косовска Митровица
Објавено на 16 јануари, 2018 во 12:35
Лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ им подлегна на повредите откако е ранет во пукање што се случи утрово во Косовска Митровица, пренесоа српските медиуми.
Непознати напаѓачи наводно го застрелале Ивановиќ додека влегувал во просториите на својата партија.
Според неофицијални информации, политичкиот лидер на косовските Срби во тешка состојба е примен во болница, но им подлегнал на повредите.
Не е познат мотивот на инцидентот. Полицијата е на местото на несреќата каде пронашла четири чаури, а за сега е установедно дека непознат маж пукална Ивановиќ од пиштол.