На Хаваи им се закануваат огнени топки од вулканот Килауса (ВИДЕО)
Килауса вулканот на Хаваи во ерупција е веќе седум дена. Стручњаците предупредуваат дека може да биде уште полошо и дека на Хаваите им се закануваат огнени топки.
До сега на својот пат лавата однесе десетици објекти, во тек е евакуација на жителите , а материјалната штета е огромна.
Но, тоа е ништо во споредба со она што може да се случи, ако лавата стигне до геотермалната електрана, која е на пат на лавата. Ако тие хемикалии дојдат во допир со лавата ќе предизвикаат големи експлозии, а огнени топки може да загрозат подрачје од неколку километри, пренесе „Independent“.
Затоа властите наредија итно преместување на десетини илјади галони од електраната, а формиран е и итен кризан штаб.
Истовремено, геолошките стручњаци предупредуваат дека врвот на Килауа може во наредните неколку дена или месеци да експлодира и да катапултира пепел и парчиња карпи, тешки и по неколку тони, километри во воздух.
Во тој случај пепелта и чадот би одлетале во воздух и до 40 километри, поради што во воздухот ќе влезе огромна количина токсични материи кои може да предизвикаат гушење и труење на жителите.
Поради седмодневната ерупција на вулканот Хаваите се под константни земјотреси.
{vembed Y=kOaWFhJsdjI}