Од денеска небото над Црна Гора го чуваат НАТО авиони
Авиони на НАТО алијансата, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, од денеска ќе почнат редовно да патролираат по црногорскиот воздушен простор со цел негова заштита.
По тој повод, и по повод првата годишнина на членство на Црна Гора во НАТО, ќе биде организирана вежба за приземјување на „летала-сметала“, пренесува РТЦГ.
Како што се наведува во соопштението на црногорскато министерство за одбрана, заштитата на воздушниот простор е еден од најзначајните облици на дирктна корист од членството на Црна Гора во НАТО, а Црна Гора од сојузниците ќе добие поддршка за заштита на воздушниот простор, низ мисијата на НАТО која е од неборбен карактер.
Мисијата на контрола на воздушниот простор ткн. air policing) има за задача да го штити небото на своите сојузници кои немаат свои воздушни сили, а ширум Европа постојат неколку вакви мисии.
Авиони на Италија и Грција, кои ќе патролираат над Црна Гора, од 2009 година го штитат воздушниот простор на Албанија, додека Белгија, Холандија и Луксембург заеднички го штитат својот воздушен простор.