Повторно земјотрес во Турција
26.06.2020
Земјотресот, кој според прелиминарните податоци, бил со јачина од 5.5 степени, го погоди подачје на северот од Турција. Се уште не е соопштено дали има жртви .
Епицентарот на земјотресот биле во градот Саруханли, во провинцијата Маниса, на длабочина од 9.2 километри, соопшти владината администрација за вонредни ситуации и катастрофи.
Информативниот канал Хабер Турк објави дека земјотресот бил почувствуван и во областите во близина на Измир, Ајдин и Мугла.
Градоначалникот Бесим Дутлулу изјави за каналот Хабер Турк дека граѓаните ги оставиле своите домови во паника, но дека, колку што биле информирани, никој не е повреден.
На својот Твитер профил се обратил и министерот за внатрешни работи, кој напиша дека засега не се пријавени штети и жртви.
Земјотресот се случи само еден ден по претходниот со јачина од 5,4 степени, кој ја погоди источната провинција Ван, на границата со Иран, при што беа повредени пет лица.
Во Турција се пресекуваат две големи линии – пукнатини, поради што земјотресите се чести на таа територија. Земјотрес со јачина од 7,4 степени во 1999 година уби повеќе од 17,000 луѓе во северозападниот дел на земјата.
Извор: aa.com.tr