(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Белград: Пред РТС едно лице почина, а две се тешко повредени
Објавено на 4 декември, 2020 во 10:42
4.12.2020
Во центарот на Белград денеска околу 10 часот се случила експлозија во која едно лице почина, а две се тешко повредени, пренесува РТС.
Од екипата на брзата помош навеле дека едно повредено лице е пренесено во одделението за реанимација во Ургентниот центар, а екипите се уште се на лице место и засега нема нови податоци.
Екслозијата се случила блиску до зградата на РТС, а како што јавуваат од таму најверојатно експлодирала боца со гас.
Извор: Бета.рс
Видео: РТС