zemjotres2 fin

По силниот земјотрес од 6,3 степни според рихтеровата скала, утрово се регистрирани десетици посилни потреси.

avionzapalen fin

Авион од типот „Боинг 777“ на компанијата „Филипини ерлајнс“ се запали по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес.

zdravstvendomdubrovnik fin

Здрвствениот дом во Дубровник даде оглас на Фејсбук за педијатар во педијатриската ординација во Мокошица, но веќе 15 дена не се пријавил ниту еден заинтересиран. Нето-платата е дури 14 илјади куни или 2.000 евра. Освен тоа, Здравствениот дом за лекарот дава и бесплатно сместување во стан од 50 квадратни метри, како и можност за дополнителна заработувачка во здравствените установи во Дубровник и во жупанијата, пишува „Дубровачки дневник“.

pag fin

Голем пожар избувна синоќа, околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти полицијата.

UNESKO fin

Речиси 12 500 деца – бегалци ги посетувале грчките државни училишта оваа година, според годишниот извештај на УНЕСКО, претставен во четвртокот на специјален настан во Министерството за образование во Атина.

forum fin

Министри, претставници на комори и организации од Северна Македонија, Бугарија, Романија, Србија и домаќинот Грција, ќе учествуваат и ќе дискутираат на Првиот Балкански Форум за инфраструктура и развојни мрежи, како и за промоција на претприемништвото и иновацијата, што во петок и сабота на 5 и 6 април ќе се одржи во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија, јави дописничката на МИА од Атина.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново