Томислав Карамарко, досега најмоќен политичар во најмладата членка на ЕУ, Хрватска, поради низа политички неуспеси одлучи да поднесе оставка на лидерската функција во неговата партија - ХДЗ, пишува Дојче веле.

Силно невреме со град синоќа го погоди Панчево, каде што паѓаше град со големина на тениско топче, јавуваат српските медиуми.

Неколку десетици луѓе се собрале во неделата во Истанбул во поддршка на ЛГБТИ заедницата и покрај забраната од турската влада по што полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера.

Исламистите биле испратени пред десетина дена од Сирија со чамци кон Грција и Турција, пишува Локално.

Федералното истражно биро соопшти дека човекот кој уби 50 луѓе во еден геј клуб во Орландо, Флорида и телефонирал на полицијата пред да го изврши нападот при што и изразил лојалност на милитантната група Исламска држава. Станува збор за 29 годишниот Омар Матин, роден во САД, со потекло од Авганистан.

Брод со неколку стотици мигранти потонала во близина на грчкиот остров Крит, соопшти претставник на локалната полиција за АФП.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново