Хидрометеоролошкиот институт на Србија прогласи црвен метеоаларм од денеска до недела, што значи дека предвидува „особено опасни метеоролошки феномени“. Првиот ден од март Србија беше под студ, снег и мраз, а температурите паднаа до минус 24 степени, измерени во Сомбор и во Сјеница.

Словенечките власти денеска соопштија дека во близина на Марибор пронајден е маж кој починал од хипертермија. Со тоа бројот на жртви од студот на Балканот се искачи на три.

Голем дел од Хрватска се разбуди прекриен со снег кој го отежнува движењето во Лика, Горски Котар, северозападна и средна Хрватска, Славонија и дел од Далмација.

Властите во Белград предлагаат да го добијат северно Косово во замена за областите населени со Албанци во Јужна Србија. Поддржувачите на идејата тврдат дека мултиетничките држави не успеале на Балканот.
Ова е напишано од The Economist. Постои причина зошто терминот “балканизација” има лоша слава. Отстранувањето на границите е подобро решение отколку нивното прецртување. Инаку, како што тврди висок политичар од Брисел, ќе се дојде до “отворање на портите на пеколот на Балканот”.

Амбасадата на Холандија во Сараево е евакуирана откако Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина примило анонимен повик за поставена бомба.

Мнозинството Грци, 87 отсто од оние кои во неделата излегоа во центарот на Атина учествувале во протестот за да го изразат несогласувањето со прашањето за името, покажува истражувањето на агенцијата „КАПА Research“ за весникот „То Вима“.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.