Вакцинација во Врање: Поголем интерес има од македонските граѓани отколку од тамошните жители
Објавено на 15 јули, 2021 во 11:43
Интересот на граѓаните од Македонија за вакцинирање во Србија не опаѓа, пренесуваат српските медиуми.
Според објавеното, во текот на вчерашниот ден, на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање се дадени вкупно 366 вакцини, а од тој број, граѓаните на Северна Македонија примиле 295 дози.
-Досега, вкупниот број на вакцини дадени во Врање 74.762. Потсетуваме дека граѓаните на Северна Македонија во Врање можат да примат некои од вакцините без претходно закажан термин, објави српски „Новости“.