Во Велес нема регистрирано нов случај на ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирање, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, од Скопје пет , Тетово четворица и од Битола еден.
Регистрирани се пет оздравени пациенти и еден починат пациент од Струмица на 64 годишна возраст, во болнички услови .
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравени пациенти . Бројот на активни случаи во градот е два.
Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.
Стефани Манева