Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не може директно да се вклучи и да влијае во преговорите меѓу лозарите и винариите, единствено може да помогне и посредува да се одржат средби меѓу засегнатите страни за определување на откупната цена на грозјето, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
На сметките на 2.100 јаболкопроизводители во Преспа денеска легнаа 106 милиони денари од интервентната мерка за продадено индустриско јаболко во преработувачките капацитети, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Владата усвои Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување дополнителна помош како мерка за исплата на продадено винско грозје.
Шеснаесет тутунски здруженија, членки на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија го обвинуваат актуелниот претседател на Сојузот, Кере Неделкоски за проневерување на девет милиони денари од касата на Сојузот откако дојде за претседател во октомври минатата година па до април годинава. За тоа е поднесена кривична пријава до основното јавно обвнинителство во Скопје во септември годинава.
Правила за производство и промет со органско вино и специјализирани напитоци на база на вино (ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел), полесни услови за производство на вино во мали винарии и за физички лица производители на вино, како и полесно регистрирање капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија, се само некои од измените на Законот за вино што беа разгледани денеска на работен состанок во Министерството за земјоделство.
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави нов јавен оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари со кој се нудат над 834 хектари во Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Пробиштип и Тетово.