ИКЕА престана да произведува завеси и ролетни опасни за децата
ИКЕА соопшти дека престанува да произведува завеси и ролетни опасни за мали деца. Наместо нив, од јануари во нивниот асортиман се достапни завеси и ролетни за прозорци без врвци или скриени врвци за повлекување на ролетните. Стручњаците за развој на производите на шведската компанија четири години работеле на адаптирањето на асортиманот на ролетните и завесите.
– Сметаме дека децата се најважните луѓе во светот и правиме сè за домот да го направиме најбезбедно место за живеење – нагласила менаџерката на ИКЕА асортиманот Емели Кноестер во соопштението.
ИКЕА наведува дека истражувањата покажале дека во САД помеѓу 1996 и 2012 година во просек секој месец едно дете умира од давење со врвци за повлекување завеси или ролетни.
Од ИКЕА ги советуваат купувачите кои имаат завеси со изложени врвци, да ги заменат за посигурно решение.
Извор:Плусинфо.мк