Франција во борба против Фејсбук
Социјалната мрежа Фејсбук во Франција е под жестока критика на државните агенции кои се занимваат со заштита на приватноста на потрошувачите.
Популарната социјална мрежа илегално ги следела корисниците на интернет и оние кои немаат отоворени профили на Фејсбук, а француските власти им дале рок од три месеци целосно да прекинат со тие активности.
Националната комисија за информатика и слободи (CNIL), тврди дека Фејсбук неовластено чувал податоци за полот, политичките уверувања и религијата на корисниците, без дозвола на француските власти.
Портпаролката на Фејсбук, Сели Алдус, изјавила дека приватноста секогаш им е на ум и во срце за се што прават.
– Уверени сме дека работиме се во склад со европската заштита на податоци и дека сме соработувале со CNIL и ќе им одговрат на нивните грижи – додала Сели.
Минатата година во Белгија имало сличен случај, па на компанијата „Фејсбук“ му е пресудено дека треба да исплати 250.000 евра за секој ден кога е прекршена приватноста на корисниците на тој начин.
Извор: Плусинфо.мк