Кендрик Ламар освои најмногу Греми награди, но Тејлор Свифт беше ѕвезда на вечерта

Објавено на 16 февруари, 2016 во 08:34

Раперот Кендрик Ламар освои цели пет статуетки “Греми” на вчерашната церемонија на врачување на најпрестижните награди, а успеа да упати јавно и политичка порака со својата изведба во живо.

Сепак, поп пејачката Тејлор Свифт беше ѕвезда на вечерта – таа стана првата жена која освои награда за најдобар албум две последователни години. Повеќето од статуетките во главните категории отидоа кај познати имиња од шоубизнисот. Покрај успехот на Свифт со албумот нејзината “1989”, другата престижна награда – за најдобар запис на годината отиде кај Бруно Марс и Марк Ронсон за нивниот хит “Uptown Funk”.

Меѓу другите добитници на церемонијата се наредија и Ед Шииран, кој ја доби наградата за најдобра песна на годината, како и за најдобра поп соло изведба за хитот “Thinking Out Loud”.

За најдобар нов изведувач беше избрана Меган Трејнер.

Покрај петте статуетки на Кендрик Ламар и Тејлор Свифт со три, канадскиот изведувач Викенд, Бруно Марс и Марк Ронсон, аренби изведувачот Ди Анџело зедоа по две награди.

Албумот на Кендрик Ламар “To Pimp a Butterfly” ја зеде наградата за најдобар рап албум. Тој влијае на темата за односите меѓу расите, а песната од него “Alright” стана неофицијална химна на демонстрантите против полициското насилство во САД.

Неговата изведба во живо на церемонијата, за време на која тој претстави три свои песни, упати силна порака кон расната нееднаквост, афроамериканскиот идентитет, како и животот во затворите.

Фил Бејли, Ралф Џонсон и Вардин Вајт (од лево кон десно) од Earth, Wind and Fire ја добија наградата за животно дело.

Овогодинешната церемонија оддаде почит и на легендата Дејвид Боуви, кој почина претходно оваа година. Лејди Гага ги исполни хитовите “Space Oddity”, “Changes” и “Let’s Dance”, а на лицето и беше насликан култниот гром на Боуви.

Меѓу другите настапи беше и тој на Адел, која успеа да ја израдува публиката со својата песна “All I Ask”, покрај техничките проблеми.

Пејачката Ријана исто така мораше да учествува со својата песна во живо на церемонијата, но во последен момент го откажа учеството поради слабост.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.